Министерот Демири го поништи тендерот за КАТО системот на Онкологија, поради рачен наместо електронски потпис

Министерот за здравство доктор Илир Демири завчера го поништил тендерот за набавка на единица за централна подготовка на лекови со КАТО софтвер за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, покажуваат документите до кои дојде ,,Слободен печат”. Само една фирма се пријавила на тендерот и тоа е всушност единствената фирма која во Европа може да го оспособи системот.

Но, нивната понуда од страна на Министерството за здравство е одбиена, а постапката за јавна набавка била поништена со образложение дека претставникот на фирмата документите ги потпишал рачно, а не со електронски потпис.

Повеќе

Back to top button
Close