Министерот Османи, заедно со економски советници, во посета на Општина Гевгелија

 Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска заедно со економските советници, кои во рамки на економската дипломатија се назначени да отпатуваат за Варшава, Минхен и Австрија, Анкара и Абу Даби за ОАЕ и другите земји од Заливот, ќе ја посети општина Гевгелија, фабриката за конфекција НОЕЛ и фабриката за полиетиленски цевки Контрихидропласт.
Како што најавија од МНР, со посетата на Гевгелија се заокружува поширокиот план од проектот за посети на повеќе општини.

Потсетуваат дека економските советници инфо- турата ја започнаа во Тетово, а продолжија во Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Крушево, Штип, Виница, Берово, Струмица, Дојран и Гевгелија.

Целта на посетите е економските советници да имаат поголемо знаење за општините, за капацитетите што ги имаат истите со цел зголемување на извозот, можностите кои ги нудат за странски инвестиции како и развој на туризмот. Освен средбите со локалните власти, се подвлекува во соопштението, се реализирани средби и со бизнисмените од овие општини.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close