Министерот се прашува зошто дојави за бомби нема и во приватните училишта

Министерот за образование, Јетон Шаќири, вели дека и тој си го поставува прашањето зошто нема дојави за бомби во приватните училишта.

-И јас се прашувам неколку пати зошто само во државните училишта. Што се однесува до државната матура, Државниот испитен центар ги зема сите други чекори за да се организира успешна државна матура. Матурите ќе се организираат – рече Шаќири.

Според него, не е лесна одлука сите ученици од средните училишта да се испратат на онлајн-настава.

-Се прават анализи, се гледаат искуствата од другите земји. За тоа да се потврди, треба да го потврдат и органите за безбедност. Не се знаат последиците во другите градови и другите училишта, додаде министерот за образование.

Back to top button
Close