Министерот Спасовски положи цвеќе на споменикот во кругот на МВР по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција

 Делегации од Министерството за внатрешни работи денеска, во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата – 7 Мај, положија цвеќе на спомен обележјата на загинатите  и починатите припадници на Министерството за внатрешни работи во кругот на МВР, на споменикот пред зградата на граничната полиција, во полицискиот центар „Ѓорче Петров”, во паркот „Жена”, во базата „Брест” и  во касарната „Илинден”.

Како што информираат од МВР, цвеќе на споменикот во кругот на МВР беше положено од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  државната  секретарка при Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска ,  директорот  на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани. Цвеќе положија и претставниците на Здружението на бранителите и семејствата на загинатите припадници на МВР, како и претставниците на  Македонскиот полициски синдикат.

Back to top button
Close