Министерот за безбедност на Индонезија го спореди новиот коронавирус со жените

Министерот за безбедност на Индонезија, Мохамед Махфуд беше мета на остри критики откако го спореди новиот коронавирус со жените.

–   Пред некој ден добив порака од пријател, кое гласеше: Короната е како твојата сопруга. Прво се обидуваш да ја контролираш, потоа сфаќаш дека не функционира тоа. И тогаш ќе се научиш да живееш со нејзе, истакна Махфуд.

Неговата изјава наиде на жестоки реакции од активисти и други Индонезијци.

Владата на Индонезија планира да ги укине карантинските мерки во некои делови од земјата и да се подготви за, како што е наведено, „новата нормалност“.

– Дали ќе останеме затворени засекогаш? Можеме да се прилагодиме на ситуацијата и истовремено да се грижиме за нашето здравје, изјави Махфуд.

Во Индонезија регистрирани се 24.538 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 1.496 починале, а оздравеле 6.240 луѓе.

Back to top button
Close