Министерот за надворешна трговија на БиХ во посета на Скопје

Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Кошарац ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши, по што ќе биде реализирана билатерална средба, а ќе бидат потпишани и договор за економска соработка меѓу  Северна Македонија и Босна и Херцеговина и договор за соработка во областа на туризмот меѓу владите на двете земји.

По потпишувањето на договорите, изјави ќе дадат двајцата министри

Back to top button
Close