Министерот за правда има познавање за ресорот колку што има магаре од музика, пишува адвокатот Димоски

Поранешниот јавен обвинител, а денес адвокат, Војо Димоски преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон министерот за правда, оценувајќи дека тој не го познава ресорот со кој раководи.

„Министерот за правда има познавање на ресорот колку што има магаре од музика“, напиша Димоски, додавајќи дека вистинското прашање не е дали министерот треба да ја напушти функцијата, туку како воопшто дошло до неговото назначување и, како што наведува, до тоа две години да раководи со сектор кој и претходно бил во лоша состојба.

Во објавата, Димоски се осврна и на најавената реконструкција на Владата, оценувајќи дека таквите потези не носат суштински промени. Според него, нема логика да се очекуваат подобри резултати доколку истите луѓе што ги предложиле актуелните министри ги предлагаат и нивните наследници.

Неговите коментари следуваат по информациите поврзани со владината реконструкција и изјавите дека не се водат разговори за промена на ресорот Правда со земјоделство.

Back to top button
Close