Министерот за правда контра премиерот – ги поздравува изјавите на амбасадорите Гир и Агелер за Судскиот и Советот на јавни обвинители

Министерот за правда Игор Филков ги поздравува изјавите на евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Ангела Агелер изнесени во однос на статусот и функционирањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, по вчерашната изјава на евроамбасадорот Гир дека распуштањето на судскиот и обвинителскиот совет значи мешање во судството, кое ќе предивика сериозна загриженост, пренесува Телма.

„Очекува да се интензивира соработката во периодот кој претстои“,вели ресорното министерство.

Оттаму информираат дека министерството има подготвено нацрт-верзија на Законот за судски совет, кој, како што информираат од правда, експертската група го подготвувала повеќе месеци.

„Откако ќе се финализира, текстот ќе биде прикачен на ЕНЕР при што сите заинтересирани ќе имаат можност да дадат свои мислења и забелешки“,информираат од правда.

По ова, како што велат од правда, министерот Филков планира да отвори широка и јавна дебата во која ќе бидат слушнати мислења на експертската јавност со цел да се дојде до најдобро заедничко прифатливо решение.

По завршување на целиот процес, според Министерството за правда, текстот на законот ќе биде доставен на мислење на Европската комисија и Венецијанската комисија.

Back to top button
Close