Министерот за спорт парите ги дели според чудни критериуми – за најуспешните најмалку, обвинуваат од СДСМ
„Каде завршуваат парите на граѓаните во спортот? Министерот за спорт Борко Ристовски мора да излезе пред граѓаните и да одговори. Распределбата на државните субвенции за 2026 година во спортот е скандалозна и отвора сериозни сомнежи за можни злоупотреби, селективност и корупција, Министерот Борко Ристовски треба да одговори како се делат парите“, велат од СДСМ

Според партијата, трета година по ред Министерството не објавува листа на корисници, критериуми ниту методологија и тоа отвора сериозни сомнежи.
– Advertisements –
Панче Милевски на прес-конференцијата наведе повеќе случаи: „Во категоријата индивидуални олимписки спортови, највисок износ на спортски субвенции добил спортски клуб од спортско качување, втор највисок износ е од тријатлон, а трет е од бадмингтон. А спортовите со континуирани меѓународни резултати и олимписки настапи – како теквондо, атлетика, борење и скијање – се помалку вреднувани.
Особено индикативен е случајот во кој клуб кој е седмопласиран во ракомет и настапува во плеј-аут фаза добива поголема финансиска поддршка од шампион во кошарка кој учествува на меѓународни натпреварувања. Клубови без значајни резултати добиваат високи суми на пари. Олимписки спортови со докажани успеси се маргинализирани.
Дали причината се кумовските релации на Борко Ристовски и дали тие се поважни од критериумите кои ги заслужуваат спортистите“, праша Милевски.
СДСМ бара итно објавување на сите исплати по клубови и спортови како и врз основа на кои критериуми добиле пари, Државниот завод за ревизија да спроведе ревизија за последните две години на финаниското работење на Ристовски иАнтикорупциската комисија да отвори предмет за утврдување судир на интереси






