Министерот за внатрешни работи на Франција навредуван за време на церемониите за отецот Хамел-жртва на тероризмот

Единаесет лица се уапсени денеска поради навредување на министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан за време на церемонијата на која му се оддаваше почит на отец Хамел, убиен пред четири години во црквата Сен-Етиен-ди-Рувре, јави дописникот на МИА.

-Единаесет лица беа уапсени и сослушани, четворица се во притвор за навреда и сите се казнети заради прекршување на забрана за демонстрирање, соопшти префектурата на поморска Сена.

Во текот на говорот, повеќе лица започнаа да избикуваат „Дарминан валкан силувач“. Според префектурата, секторот во кој се одвивала церемонијата не бил затворен. „Дури и ако имаше забрана за демонстрација, областа беше отворена за јавноста“, се вели од префектурата.

Лицата кои „го вреѓаа министерот беа ексфилтрирани“. Тие се „познати по тоа што им припаѓаат на жолтите елеци и ултра левичарските движења“, а зборовите изречени од нив не се дело феминистките, прецизира истиот извор од префектурата.

Префектурата сепак потсетува „дека е скандалозно да се искористи церемонијата за оддавање почит на жртва на тероризмот“ за да се изврши ваков вид демонстрација.

Од неговото назначување за министер внатрешни работи, Жералд Дарманан, кој е предмет на истрага поради обвинение за силување (постапката беше покрената по три судски решенија во корист на министерот), сега е мета на феминистичките здруженија.

Back to top button
Close