Министерство за економија: На сите официјални средби на министерот Бектеши во Тирана беше истакнато државното знаме

„На сите официјални средби предвидени во официјалната посета на министерот за економија Крешник Бектеши во Тирана, Република Албанија, а според државните протоколи на двете земји, беше истакнато државното знаме“, велат од прес-службата на Министерството за економија, по бурните реакции во јавноста дека на средбата на министерот Крешник Бектеши во рамки на посетата на Тирана со албанската министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку не било поставено државното знаме на Република Северна Македонија.

За оваа средба од Министерство за економија велат дека не била предвидена во официјалната агенда.

– Средбата која што е предмет на ваш интерес не беше официјална и не беше предвидена во официјалната агенда, нагласуват од економија.

 

На средбата на Бектеши со Балуку, како што информираа од Министерството за економија, се дискутирало за заедничката реализација на проекти за инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза.

Како што информира прес-службата на Бектеши, двајцата министри на состанокот потенцираа дека и во иднина Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да соработуваат со цел реализација на проекти коишто ќе бидат во интерес на граѓаните на двете земји.

 

 

Back to top button
Close