Министерство за култура ќе го подржи решението за Универзална кое ќе се донесе со консензус

По критиките во јавноста за можната дислокација на Универзална сала, скопскиот градоначалник Петре Шилегов предложи да се прават да проекти – ем да се реставрира старата сала, ем да се гради нова и поголема на друга локација

Министерството за култура ќе го поддржи она решение за Универзална сала, кое ќе биде донесено со консенуз меѓу Град Скопје, граѓаните, културните уметници и архитектите.

Во изјава за „360 степени“ од Министерството за култура велат дека будно ги следат случувањата околу обновата на Универзална и секое решение велат треба да се носи преку отворена дебата.

„Убедени сме дека транспарентната и демократска дебата отворена за да се најде најдобро решение за објектот на оваа установа ќе даде резултати во интерес на граѓаните, културните работници, и во интерес на обезбедување современ концертен и сценски објект соодветен на потребите на градот и на актуелните светски културни трендови. Министерството за култура, во соработка со Владата на Република Северна Македонија, ќе го поддржи решението за ЈУ Универзална Сала до кое ќе се дојде со консензус кој Градот Скопје ќе го обезбеди низ дијалогот со културните работници, јавноста, и стручните луѓе од сферата на архитектурата и урбанизмот“,велат од Министерството за култура за „360 степени“.

 

Back to top button
Close