Министерство за култура: Рокот за аплицирање на Годишните конкурси истекува в сабота напладне

Во тек се Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат.

Министерството потсетува дека рокот за пријавување истекува на 6 ноември, сабота, во 12 часот напладне, кога апликацијата автоматски ќе се затвори.

Годишните конкурси беа објавени на 4 октомври. Оттогаш, Министерството за култура е во постојан контакт со корисниците преку отворените телефони и е-адресите наменети за техничка поддршка на апликантите.

– Изразуваме задоволство од заемната комуникација која е од полза за сите нас. Тековно ги решаваме отворените прашања со цел секоја апликација да е успешна и секој корисник лесно да го изврши пријавувањето.Како што најавивме, со оваа апликација се забрзува целиот процес – од пријавување до изготвување решение. Со затворањето и испраќањето на пријавата, секој корисник автоматски добива архивски број на неговата е-адреса. Така, можеме да информираме дека до денеска има пристигнато околу 600 пријави, стои во соопштението на Министерството.

Од страна на Министерството за култура е преземено сè за процесот да се одвива непречено. Рокот истекува за неполни четири дена, па оттаму Министерството ги повикува апликантите навреме да ги поднесуваат пријавите со цел да се даде простор за евентуално решавање на извесен проблем доколку има можност тој да се исправи до крајот на рокот.

Министерството за култура, до крајниот рок за аплицирање е отворено за олеснување на процесот и за одговор на сите прашања. Уште еднаш упатуваме апел, од практични, технички причини,  да не се чека последниот миг за поднесување на пријавите, стои во соопштението на Министерството за културата.

Детални информации на веб-страницата:  www.konkursi.kultura.gov.mk .н

Back to top button
Close