Министерство за локална самоуправа: Уставен потврди дека свечените изјави на советниците треба да бидат со уставното име

Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата – Република Северна Македонија, порачаа денеска од ресорното министерство.

Пораката од Министерството за локална самоуправа следува откако пред Уставниот суд беше поднесена иницијатива за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите „Република Македонија“, по што судот потврди дека треба да се почитува Уставот.

 

Со ова, велат оттаму, и формално се потврди дека одбивањето на некои членови на општинските совети свечената изјава да ја дадат и да ја потпишат со уставното име на државата е спротивно на Уставот и на Законот за локалната самоуправа.

 

„Со решение, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за локалната самоуправа коишто се однесуваат на името на државата, со што и формално е потврдено дека и покрај тоа што во Законот за локалната самоуправа стои ’Република Македонија‘, затоа што Законот е донесен во 2002 година, согласно член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот, при примената на прописите и другите акти на државните органи се користи уставното име на државата : велат од Министерството.

 

 

Back to top button
Close