Министерство за здравство најави дека во наредните денови ќе има одлука за училишната настава

Министерството за здравство информира дека утрово се одржа состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се дискутираше за здравствените протоколи за реализација на наставата, како и можното започнување на наставата од 1 септември.

-Денес не беа донесени заклучоци во однос на овие прашања, разговорите продолжуваат и во наредните денови со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата.

Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес, сепак финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука. Разговорите меѓу Комисијата за заразни болести и МОН продолжуваaт утре, информираат од Министерството за здравство.

Back to top button
Close