Министерството за економија надоместува до 25.000 денари од трошоците за изработка на документација за приклучок на системот за дистрибуција со природен гас во домаќинствата
Министерството за економија го објави огласот за надоместување на дел од трошоците за снабдувањето со природен гас во домаќинствата за 2023 година, т.е. за надоместување на дел од трошоците за домаќинствата, за изработена проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или за извршен приклучок на систем за дистрибуција на природен гас во државата во 2023 година.
Како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши оваа мерка е со цел да е поттикне диверзификација во делот на снабдување со енергенси. Затоа, за градовите Струмица и Куманово, каде што веќе има мрежа за природен гас, се предвидени субвенции за приклучок на мрежата и Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 70 % од трошоците, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2023 година.
Право на учество на овој јавен оглас имаат домаќинствата кои имаат изработена проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или имаат извршено приклучување на соодветниот систем за дистрибуција на природен гас во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година.
Потребни документи за аплицирање се:
-БАРАЊЕ што може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk;
-ДОКАЗ во оригинал дека се целосно намирени трошоците за изработка на проектна документација за изведба на внатрешната гасна инсталација на домаќинството, за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас;
-ФИСКАЛНА сметка (издадена во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година) ; и/или фактура со извод од деловна банка или уплатница (издадена во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година) и/или потврда издадена од страна на операторот на системот за дистрибуција на природен гас дека е извршено приклучувањето кај домаќинството, со цена на чинење на приклучокот на системот за дистрибуција на природен гас;
– ФОТОКОПИЈА од лична карта на барателот и
– ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА на барателот.
Сите документ заедно во затворен плик треба да се достават до Министерството за економија по пошта на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15, или во архивата на министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот.
На пликот треба да стои за „ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА, ЗА ИЗРАБОТЕНА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИКЛУЧОК НА СИСТЕМОТ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС И/ИЛИ ЗА ИЗВРШЕН ПРИКЛУЧОК НА СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС ВО ДРЖАВАТА ВО 2023ГОДИНА, заедно со ИМЕ И ПРЕЗИМЕ и АДРЕСА на барателот.
Листите на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за економија најдоцна до 30 ноември 2023 година.
Едно лице од секое домаќинство може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.
Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен”.
Повеќе на линкот: Министерство за економија
Извор: Агротим