Министерството за правда ја повика Комората на извршители да го истражи нападот врз новинар од извршителка

Министерството за правда побара од Комората на извршители да го испита случајот поврзан со новинар, а во кој е инволвиран извршител од Кичево и доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.

-Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство, нагласуваат од таму.

Министерството потсетува дека извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување.

Back to top button
Close