Министерството за правда:Најавите на Мицкоски за заминување на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието се добредојдена вест за граѓаните
Министерството за правда преку соопштение ја искоментира заканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека пратениците на оваа партија ќе го напуштат Собранието доколку на предлогот за амнестија му се стави европско знаменце.
„Што се однесува до најавите на Мицкоски за заминување од Собранието на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата земја“, се вели во соопштението на Министерство за правда.
„Недостигот на став за важни прашања и политики за блокада најдобро се изразува со напуштање на Собранието и ова е поздравен гест од наша страна. Можеби вака Христијан Мицкоски сака да и помогне на татковината со тоа што ќе го отвори просторот за гласање на уставните измени и ќе го отвори патот кон ЕУ – се вели во соопштението на Министерството за правда.
„Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, дури и на медиумската конференција одржана минатата недела, јавно кажа дека овој закон нема да се спроведува со европско знаменце, и дека тој самиот е против злоупотребата на европското знаме за спроведување на законот. ВМРО-ДПМНЕ да не заземаат став, кога од првиот ден беа информирани за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон е потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО-ДПМНЕ да ги амнестира своите поранешни избрани и именувани членови, таков закон нема да има – се вели во соопштението на Министерството за правда.