Министерството за правда сè уште чека одговор од ОАЕ за екстрадицијата за Шеваљ Муареми
Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Обединетите Арапски Емирати за барањето за екстрадиција на Шеваљ Муареми, водач на криминалната група „Дуќанџик“ од скопската населба Грчец. Како што соопштија од Министерството, барањето било испратено на 19 март 2024 година, а примено во ОАЕ на 2 април, но досега нема никаков официјален одговор од надлежните органи таму.
По Муареми на 4 март 2024 година беше распишана и меѓународна потерница од страна на Министерството за внатрешни работи.
Додека тој е во бегство, денеска шестмина членови на криминалната група беа прогласени за виновни од Основниот кривичен суд во Скопје. Тие се осудени за повеќе кривични дела, односно дека продавале кокаин и вршеле убиства по нарачка и за одмазда