Министерството за сообраќај на САД: Воздушниот сообраќај може целосно да запре поради буџетската криза

Американското Министерство за сообраќај денеска предупреди дека воздушниот сообраќај во САД може да се сведе „на нула“ поради тековната буџетска криза и недостигот од контролори на летање, поради што властите го намалуваат бројот на летови.

Федералната управа за авијација (FAA) од петок бара од авиокомпаниите да ги разредат своите распореди на летови, што доведе до откажување на повеќе од 1.000 летови дневно, односно околу четири проценти од целиот воздушен сообраќај во САД.

Се очекува дека намалувањето на летовите ќе биде особено проблематично за американските граѓани за време на претстојниот државен празник – Денот на благодарноста.

Back to top button
Close