Министерството за здравство демантира дека денеска „некој бил спречен професионално да известува“

Министерството за здравство демантира дека денеска бил организиран настан на Клиника за пулмологија и дека наводно „некој  бил спречен професионално да известува“, се вели во реакцијата од Министерството на денешното соопштение од Здружението на новинарите на Македонија ЗНМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Напротив, во интерес на транспарентноста, на барање на еден медиум (МИА) беше дадена информација за претстоен дводневен скрининг во Трубарево од министерот Алиу и директорот на Клиника за пулмологија, д-р Зафировски.

Министерството за здравство останува отворено и транспарентно за соработка со медиумите кои се наш партнер во пренесување точни и навремени информации.

Министерство за здравство

Back to top button
Close