Министерството за здравство денеска објави препораки за заштита од ковид

Министерството за здравство денеска објави препораки за заштита од вирусот.

Од Здравство велат дека во Северна Македонија се бележи зголемување на трансмисија на коронавирусот, но тоа е општ тренд што не може да се очекува да нѐ одбегне.

Оттаму даваат препораки за заштита кои особено се однесуваат на постарите лица, луѓето со хронични болести и тие кои имаат намален имунитет.

„Во овој период препорачливо е при престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории (наведни погоре) маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго(канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра. Редовна хигиена и дезинфекција на раце, особено ако кивате и кашлате, а устата ја покривате со дланката наместо со внатрешноста од лактот, како што е препорачано. Доколку почувствувате некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш побарајте помош од вашиот матичен лекар и задолжително носете маска.“велат од Министерството за здравство.

Во Здравствените домови ширум државата е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во Здравствен Дом Скопје тестирање се врши во пет пункта.

Од Министерството велат дека сѐ уште најефикасна заштита од ковид-19 е вакцинацијата.

„Исто така, сѐ уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на ковид и хоспитализација останува вакцинацијата против ковид. Така што, за целосно заштитени се сметаат тиeкои имаат примени две дози вакцини и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите оние кои не се вакцинирале или не го завршиле целиот вакцинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај оние кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање. Потсетуваме дека на сила е се уште обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица.се вели во соопштението од МЗ

Back to top button
Close