Министерството за здравство ги кани на состанок ЗНМ И ССНМ околу проблемот на новинарите со одредени болници
Министерството за здравство жали за недоразбирањето кое настана откако вчера до медиумите беше испратено известување во кое појаснивме дека ниту Министерството ниту која било друга Здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање.
Се надеваме дека дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но Министерството за здравство отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза. Министерството за здравство утре поканува претставници на ЗНМ и ССНМ на состанок за да споделат со нас детали во однос на тешкотиите со кои се соочуваат во комуникација со одредени ЈЗУ-а.
Во продолжение на оваа известување интегрално ви го испраќаме вчерашното известување, во кое објасуваме дека никаде нема издадено забрана за снимање и дека новинарите може непречено да известуваат професионално од каде сметаат дека има потреба или е предмет на јавен интерес.