Министерството за здравство: Немаме никаква обврска ниту долг кон ЈП Комунална хигиена Скопје
Реакција на Министерството за здравство:

Министерството за здравство, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП Комунална хигиена Скопје. Тврдењата за неплатен долг од 5 милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски.
Апелираме да се проверуваат информациите особено кога станува збор за тврдења кои можат да создадат забуна или да доведат до недоверба во институциите.
Министерството за здравство продолжува да работи согласно законските обврски и со принцип на транспарентност во своите активности.