МИОА го осудува говорот на омраза кон новинарката Милевска

 Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска се приклучи кон осудата на нападите и говорот на омраза, искажани врз новинарката Тања Милевска. Воедно, МИОА, како што посочува во соопштението, ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин.

-Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став. Цврсто се залагаме за слобода на говор, но секоја злоупотреба во правец на ограничување на слободата на другиот мора соодветно да биде санкциониранa, стои во соопштението на МИОА.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close