МИОА со апел до граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона: Да се заштитиме себе и нашите најблиски
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/mioa-so-apel-do-gra-anite-da-a-instaliraat-aplikaci-ata-stopkorona-da-se-zashtitime-sebe-i-nashite-na-bliski.jpg)
– Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата, повика денеска Министерство за Информатичко општество и администрација граѓаните неодложно да ја инсталираат апликацијата.
-Ги повикуваме уште еднаш сите граѓани да ја инсталираат апликацијата СтопКорона . Вашата и безбедноста на вашите најблиски е најважна, апелират од МИОА.
Апликацијата СтопКорона , брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на тие коишто ги сакате.
Апликацијата може да ја преземете од следниов линк: http://stop.koronavirus.gov.mk/.