Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ: Мајките знаат да бидат неописливо здодевни

Мајките знаат да бидат неописливо здодевни: доктори за општи места во стилот – „ќе настинеш“, „слаб/a си“ и слично. Кога на тоа ќе се додадат постојаните критики на вашите деца, давање совети кога никој не го бара, зачудени од идејата синот или ќерката да оди на море со друштво, бидејќи патот е долг и опасности демнат зад секој свиок, како и ситни критики – „можеше да си ја исчеткаш косата“, „ другиот кармин ти стои подобро“, „здолништето ти е прекратко“ или „зошто по ѓаволите ја пушти таа брада“ и слично од делата на аматерски стилисти кои се негуваат во многу мајки, логично е да се претпостави дека нивните деца често ги дожувуваат како досадни и заморни. Грижата, конечно, е убиец на секоја радост во животот.

Со години мислев дека мајка ми е таква, а потоа, еден ден, кога искрено се погледнав во огледало, сфатив дека и самата припаѓам на тој древен автохтон домашен вид. За малку ќе станав пример на класична задушлива мајка. И тогаш дојдов до заклучок дека ако не научам да се опуштам, ако не успеам да застанам и да го третирам моето возрасно дете во секое време како возрасна, автономна и рамноправна личност, од која имам толку многу да научам – дека не само што ќе останам предвреме, туку ќе и станам и камен околу вратот. А кој нормален би сакал такво нешто?

Како што ние сакаме насмеани, опуштени и весели деца, а не намќори, така нашите деца сакаат насмеани и опуштени мајки, а не доживотни врховни судии и обвинители. Сакаат, кога веќе сме ги исраснале и воспитале, да ни бидат пријатели и соговорници, сакаат опуштени моменти обележани со пријателство, разбирање и меѓусебно почитување.

Сакаат да се однесуваме кон нив како што се однесуваме кон нашите пријатели. Сакаат муабет, хумор, сакаат да им бидеме некако млади. Тоа нема врска со годините или борите, има врска со почитта. Да им кажеме дека се во право, и дека нешто не знаеме и да не кукаме и критикуваме, туку да ги пофалиме и поддржиме.

Кој сака мрчатори? Кој сака кавгаџии? Кој сака да оди да посети некој што постојано го критикува? Помислив, на тоа треба да се работи – мајката секогаш може да биде подобра. И кога мајката е подобра, сè е подобро.

Jас сè уште учам дека моето не мора да биде последно и дека не само што не е важно да се биде во право, туку е многу лесно да се каже дека не сте во право. После еден ручек во локалното кафуле, кога ја прашав ќерка ми како го поминала времето со мене, лежерно ми кажа дека си поминала прекрасно, сфатив, по којзнае кој пат, дека животот е генијален само за оние кои се подготвени да учат, но не и за оние кои мислат дека знаат сè.

Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ

извор: Детињарије

Back to top button
Close