Мирен протест на опозицијата пред владата во Тирана, новата година ја почнува со масовни протести

Албанската опозиција, предводена од Демократската партија, вечерва пред владата во Тирана, одржаа „говорница“ на пратеници и граѓани.

Пред насобраните се обратија претставници од неколку градови, меѓу кои и од Валона, кои ја обвинија владата за проблемот со петдневниот прекин на водата за пиење. И останатите не поштеди ј зборови за осуда на владата и премиерот Еди Рама.

На говорницата последен се обрати демократскиот лидер, Сали Бериша, кој рече дека „новата година ја започнуваат со протести, дека опозицијата е посилна од кога било, и оти актуелниот нарко – диктаторски режим се распаѓа”.

-Денес го затвораме протестот за да ја започнеме годината со протести. Каде и да одам, наоѓам апсолутна решеност да се разделиме од ова зло што е можно поскоро. Албанците со нетрпение го очекуваат отстранувањето на оваа банда од власт. Ви гарантирам дека опозицијата денес е посилна од кога било. Таа е порешителна од кога било да ја исполни својата мисија, рече меѓу другото Бериша.

Порача дека никој не треба да заборави дека „моќта на идеалите е најголемото оружје од сите оружја”.

Зад говорницата беа поставени маскоти со ликовите на Рама и членови на владата во затворска униформа и лисици на рацете.

За разлика од последниот протест, на кој беа фрлани молотови коктели кон владиниот објект, вечерва протестот мина мирно.

Back to top button
Close