Мисајловски: Македонски војници во Украина не треба да има, фокусот треба да биде на мирно решени
Македонскиот министер за одбрана, Владо Мисајловски, во интервју за Гласот на Америка истакна дека не гледа потреба од присуство на македонски војници на украинска територија. Според него, приоритет треба да биде постигнување мировно решение кое ќе гарантира долгорочна стабилност.
„Најважно е да се воспостави мир и да се дојде до взаемно решение кое ќе гарантира долгорочна стабилност. Паралелно со тоа, можеме да разговараме за натамошните форми на помош,“ изјави Мисајловски.
Тој нагласи дека Македонија е земја која поддржува мирно решавање на конфликти и дека секоја одлука за дополнителна помош ќе зависи од развојот на ситуацијата.
„Ние сме земја за мир. Прво треба да се најде решение, а потоа да видиме како можеме да помогнеме како држава. Кога ќе дојде време, ќе го изразиме нашиот став,“ додаде министерот. (4news)