Мисајловски: Нема да го прифатам овој резултат, ова е најголемиот изборен фалсификат

Во целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме, реагира Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, изборните резултати не ја отсликуваат реалноста.

„Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата. Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме“,се вели во партиското соопштение.

Back to top button
Close