Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски денеска изјави дека пратениците од оваа партија се единствени и дека партијата нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат.

„Сакам да го потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат. Ние како пратеници сме единствени и ќе останеме единствени. Затоа секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде браникот на националните интереси бидејќи тоа го должиме на сите граѓани. Важно е да го извадиме СДСМ и ДУИ на површина и да покажеме дека тие како партија се одговорни за сите проблеми што се случија во Македонија со носење на огромни штетни последици со тие штетни договори што ги потпишаа“нагласи Мисајловски.

Мисајловски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ води на анкети, а за него тоа значи дека набрзо Македонија ќе има нова Влада.

 

Back to top button
Close