Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти, на 15 јули стартува обновата 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници на ИЕ 2 Владо Мисајловски, вечерва од скопски Бутел повика на 15 јули да се гласа и да стартува обновата на Македонија.

– Додека ВМРО-ДПМНЕ се залага за проекти, тие, од СДСМ зборуваат како да продадат нешто што е свето. Граѓаните нема да го дозволат тоа. Затоа да се сплотиме на 15 јули и сите заедно да дадеме глас за обнова на Македонија, да направиме историска победа, рече Мисајловски.

Тој посочи дека партијата нема да ги заборави никогаш пензиониерите и нема да ги заборави младите.

– Младите сакаат да останат тука и ние и тоа им го ветуваме, велиме ќе бидете на пиедесталот. Ви ветувам дека Христијан Мицкоски нема да дозволи никој да биде граѓанин од втор ред. Додека ние зборуваме за 1 000 километри патишта и како младите да останат, ги слушаме СДСМ како се дават во своите црнила, кажа Мисајловски.

Оттука, нагласи Мисајловски, ја праќам пораката до сите – дајте ни поддршка и ние ќе бидеме со вас и се што ќе кажеме ќе реалзиараме.

– Гордо исправени ќе се бориме за секој од вас. Да му дадеме поддршка на Христијан Мицкоски, овој човек кој е тука во најтешкото, човек што знае да се биде пријател со сите. Сега е моментот да го избереме за премиер затоа што ни е потребна обнова на Македонија, рече Мисајловски.

Back to top button
Close