Мишел Болсонаро не е заразена со коронавирусот

 Мишел Болсонаро, сопругата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е заразен коронавирусот, изјави дека таа и нејзините две ќерки биле тестирани и оти се негативни.

Мишел Болсонаро на Инстаграм објави дека е негативна, додавајќи дека има две ќерки, од кои едната е со бразилскиот претседател.

Бразилскиот претседател Болсонаро во вторникот објави дека е позитивен на Ковид-19.

Тој рече дека е во самоизолација и оти зема хидроксиклорокин, лек за кој, сепак, не е докажано дека помага кај Ковид-19.

Back to top button
Close