Мишустин: Се надевам на руска вакцина против коронавирусот оваа есен

Премиерот на Русија Михаил Мишустин изрази надеж дека Русија до есен ќе има своја вакцина против коронавирусот.

– Најважно е да бидеме апсолутно сигурни дека вакцината е безбедна и да обезбедиме погони за нејзино производство. Се надевам дека оваа есен ќе имаме своја, сигурна руска вакцина, рече рускиот премиер во своето обраќање во Долниот дом на рускиот Парламент.

Според него, најважно е погоните за производство на вакцината да бидат подготвени и вакцината да е безбедна.

Back to top button
Close