Мислев ќе ја качат во одделение, но ја однесоа во мртовечницата – тогаш сфатив дека мојата Драгана ја изгубив засекогаш, сведочеше мајка на загинато дете во Кочани
Некаде пола саат лежеше на подот сè додека докторката не повика двајца за да ја однесат. Мислев дека ќе ја качат во одделение, но ја однесоа во мртовечницата. Тогаш сфатив дека мојата Драгана ја изгубив засекогаш. Вака сведочеше Ирена Минова, мајка на Драгана Минова која трагично загина во кочанската дискотека. Таа им порача на обвинетите дека од нив не бара сожалување, туку да ја признаат вината, пренесе Слободен печат.
(…)
„Драгана таа ноќ со своите другарки отиде на концерт и не се врати дома. Нејзините другарки преживеаја, но Драгана не успеавме да ја спасиме. Тој ден беше сабота, ѝ дозволив да оди на концерт на ДНК. Таа вечер не сакаше да излегува, сакаше да оди право во диско. Другарките зафатиле маса во ‘Булевар‘, но таа беше избркана од тоа кафуле, и затоа не излезе вечерта. Ме замоли да ја однесам на диско. Се слушна со своите другарки, кои и кажаа дека во ‘Булевар‘ ќе имало рација и дека во градот врие од полиција.
(…)






