Митева: Извештајот на ГРЕКО ја покажува работата на Владата и движењето на Македонија во правилна насока

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која дискутираше за извештајот на ГРЕКО кој потврди видливи резултати во борбата против корупцијата во државата.

Митева на почетокот истакна дека после години на низа негативни извештаи со овој извештај Македонија оди исчекор напред и се покажува како одличен индикатор за тоа во каква насока се движи државата и сето тоа што е постигнато за една година.

„После години на низа негативни извештаи, на низа нотирани состојби коишто беа во насока на континуирана негација на состојбите коишто се случуваат во Македонија, на она што значеше презентација на Македонија, на она што значеше навистина институции кои што беа во криминал и корупција, добиваме еден исчекор напред, но е одличен показател индикатор за тоа во каква насока се движиме и што успеавме да направиме за една година“, рече Митева.

Митева посочи дека извештајот на ГРЕКО ја покажуваат работата на Владата, како и исполнувањето на препораките кои даваат позитивна оценка за тоа како за една година се покажало различно ниво на функционирање на државата и различен систем на водење на институциите.

„Ако добро се погледне извештајот на ГРЕКО ќе се види дека навистина има состојби коишто означуваат работа на оваа Влада, исполнување на препораки коишто биле, остануваат уште неколку од нив коишто иако го затворија ГРЕКО извештајот со позитивна оценка сепак имаме цел како Влада и тие коишто се веќе се останати да ги реализираме, не радува ова дека е добар импулс, добар показател, дека за една година успеаваме да покажеме комплетно различно ниво на функционирање, различен систем на управување, различен начин на водење на институциите“, децидна е Митева.

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која дискутираше за безидејноста на СДС и дека поразот кој ќе го добијат на локалните избори ќе им биде показател за тоа дека треба целосно да се реформираат и реорганизираат како партија.

„За безидејноста којашто се случува во СДС, мислам дека поразот којшто ќе го доживеат на овие локални избори ќе им биде доволен показател за тоа како треба навистина да се посветат на целосна реорганизација и реформирање на структурите и начинот на делување и од аспект на опозиција“, истакна Митева.

Митева посочи дека кој и да биде противкандидат на Орце Ѓорѓиевски ќе се соочи со пораз.

„Кој и да биде противкандидат на Орце Ѓорѓиевски ќе ги загуби изборите односно ќе има убедлива победа на Орце уште во првиот круг во градот Скопје и во останатите општини се разбира. Ние веќе како политичка партија објавивме четириесеттина имиња за градоначалници, до крајот на месец јули ќе објавиме уште, и во првата половина на август ќе го заокружиме целокупниот процес на објавување на кандидатите за градоначалници“, рече Митева.

На крај Митева посочи дека кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се силни и докажани луѓе кои и покрај опструкциите од страна на СДС и ДУИ реализирале голем број на проекти.

„Тоа се силни докажани луѓе коишто навистина имаат резултати зад себе, тоа се луѓе коишто се посветија на работа и на реализација на програмата, тоа беа градоначалници а извршната власт од СДС и ДУИ навистина ги опструираше и блокираше, но успеаа и со такви опструкции да реализираат голем број на проекти од својата програма. Ќе понудиме нешто што навистина значи промена нешто што навистина значи подобар живот за граѓаните и сум убедена во голема победа“, децидна е Митева.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close