Митевски: Наше е да излеземе на теренот и да дадеме се од себе


Македонската кошаркарска репрезентација го продолжува својот пат во претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар. Вечерва, нашиот најдобар состав ќе го одигра третиот меч од групната фаза од претквалификациите, а противник ни е Романија.

Со измени во играчкиот ростер „црвено – жолтите“ го дочекува третиот дуел. Нов хендикеп за стручниот штаб ќе биде отсуството на Адем Мекиќ, кој се пожали на болки во коленото. На негово место ќе биде Марко Миловановиќ. Селекторот Марјан Илиевски направи уште една промена и деби настап во сенирскиот тим ќе има Никола Василевски.

– Играме во Орадеа, против Романија, селекција која сега ја познаваме многу подобро од почетокот на преткваалификациите. Имавме прилика да погледнеме и некои видео-материјали од нивниот дуел со Унгарија. Оние две победи кои ги постигнаа досега, ги ставаат во улога на фаворит. Но, наше е да излеземе на теренот, да дадеме се од себе. Да се обидеме да бидеме над оние наши реални можности и да ја искористиме секоја шанса која ќе ни биде дадена. Убеден сум дека ќе одиграме подобро отколку во Солнок, изјави репрезентативецот Максим Митевски.

Почетокот на натпреварот кој се игра во Арената „Орадеа“ во Орадеа е 18. часот.

Back to top button
Close