Митко Јанчев одликуван со Орден за заслуги од Зеленски
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван од претседателот на Украина, Володомир Зеленски со Орден за заслуги, трет степен по прославата на вчерашниот Ден на независноста на земјата.
Украинскиот претседател ги доделува овие награди за значаен личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворните активности и популаризацијата на украинската држава во светот.
Странските добитници беа одликувани со разни признанија, вклучувајќи го Орденот на принцот Јарослав Мудриот, Орденот за заслуги, Орденот на принцезата Олга, Медалот за труд и победа и Крстот на Иван Мазепа, претседателско одликување. Уредбата за таа цел, бр. 617/2025 од 23 август, беше објавена на официјалната веб-страница на претседателот, објави Укринформ