Митрески: Со законските измени за политичките партии еднаш засекогаш ќе ставиме крај на провокациите
Со предлог-измените на Законот за политички партии со кои се забранува тие да користат имиња или обележја поврзани со фашизам еднаш за секогаш ќе се стави крај на намерните провокации, порача денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, барајќи сите пратеници да дадат поддршка за законот.