Митревски: Дел од вчерапотпишаните пратеници се злоупотребени  

„Како координатор, сум во постојана комуникација со сите пратеници од пратеничката група, но и со пратеници кои делуваат надвор од неа, а се во поддршка на прогресивните политики, на заедничките политики кои носат напредок.

 

Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста. Од друга страна, добивам информации дека дел од вчерапотпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на Владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел“ вели Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ

 

 

Back to top button
Close