Митревски: ПСЖ е гигант во спортот и во ракометот
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер во четврток во Париз го играат вториот натпревар сезонава во Лигата на шампионите. По триумфот над Загреб во првото коло и освоениот Супер куп со победата над големиот ривал „битолчани“ во добра атмосфера го очекуваат новиот натпревар.
Било каков и да е ПСЖ се работи за гигантот во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува самодовербата на играчите и добро е што ги победивме Вардар 1961 и Загреб и освоивме два бода во ЛШ. Одиме малку порастоварени на гостински терен во Париз. Било која победа или бод освоен во гости добро ќе ни дојде. Треба да ја играме својата игра, па што биде – нека биде, изјави голманот Никола Митревски.
По дуелот со ПСЖ, за шампионот ќе следува и првото дерби во домашната лига и гостувањето кај Алкалоид в недела.