Митревски за ТВ24: Имаме мнозинство од 61 пратеник

Kоординаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 рече дека во моментов тие имаат мнозинство од 61 пратеник. Тој посочи дека премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, утре ќе се сретне со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и други претставници на опозицијата и ќе разговараат со новото мнозинство и за стабилизација на државата.

„Тие разговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат тоа е дадено овластување на Заев од Централниот одбор (ЦО) на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ телата на партијата. Имаме мнозинство во Собранието. Кастриот Реџепи се изјасни дека останува во мнозинството, има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка и очекувам тие имиња да се споменат. Имаме мнозинство во овој момент од 61 пратеник“, рече Митревски во „24 анализа“.

Како што претходно најавија високи избори од владејачката партија за „360 степени“, доколку утре падне договор помеѓу Заев и Гаши за влез на Алтернатива во владејачкото мнозинство, во наредните денови ќе заседава и ЦО на СДСМ, кој треба да даде „виза“ за очекуваната промена на коалицискиот партнер во Владата. Според процентите, не е исклучено на таа седница на ЦО, Заев да ја официјализира и својата оставка во партијата, која во меѓувреме беше ставена во мирување до консолидирање на мнозинството.

Back to top button
Close