Мизрахи откри нови информации од извештајот на ДЗР за Онкологија
Директорот на Клиниката за онкологија без стручен колегиум со своерачен потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија, тврди пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ која ја води Анкетната комисија во Собранието во врска со скандалот кој изби во јавноста.
Во гостување на ТВ21 Мизрахи рече дека ова сознание е согласно извештајот на Државниот завод за ревизија и дека допрва треба да се разгледа целиот извештај кој уште не е поминат на седница.
Државниот завод за ревизија кога терапијата била препишувана за одреден пациент, зборувам за биолошката терапија, не стигало до требување во депо на самата терапија, туку се барало, била централизирана моќта, директорот конечно да овласти со своерачен потпис преку целиот лист хартија, дали тој пациент ќе ја добие или нема да ја добие – рече Мизрахи и додаде дека тоа што немало стручен колегиум е прекршување на статутот на клиниката.
Мизрахи рече и дека при сведочењата министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекла дека доколку тоа се случувало во текот на нивните мандати тие се спремни да понесат одговорност.