Млад Македонец загина во сообраќајна несреќа на Малта, семејството апелира за помош


Во сообраќајна несреќа која се случила вчера во градот Слиема на Малта, животот го загуби младиот Мартин Костов, по потекло од Чешиново, кој со години живеел и работел во островската држава.
Семејството на Мартин се соочува со сериозни финансиски потешкотии и поради тоа апелираат за финансиска помош, која може да се уплати на жиро-сметката на Иван Костов, братот на Мартин.

Според објавата на Фејсбук, која ја пренесе страницата Македонска заедница на Малта, потребни се пари за транспорт на телото на Мартин во Македонија.

Back to top button
Close