Млад радовишанец избегал од затвор, пронајден и спроведен во „Затвор – Струмица“ за доиздржување на казната

Осуден радовишанец на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“, кој избегал од затвор, лишен бил од слобода во текот на вчерашниот ден и вратен да ја доиздржи казната.

– Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б., на возраст од 23 години. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од „Затвор – Струмица“, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор – Струмица“ за доиздржување на казната, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

 

Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи

Back to top button
Close