Млад скопјанец извадил нож против многу постар противник во Аеродром, за малку е избегната трагедија


Во тепачка меѓу 20-годишен и 53-годишен жител на Скопје, која се случила во населбата Аеродром, „играле“ тврди и остри предмети, а помладиот тепач бил спречен да нападне, со што е избегнат многу посериозен исход, соопшти полицијата

„На 08.07.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(53) и Б.Р.(20) двајцата од Скопје, при што Б.Р. употребил тврди предмети, додека А.Р. со остар предмет се обидел физички да го нападне Б.Р, но бил спречен во намерата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Back to top button
Close