Mлад скопјанец со „Мерцедес“ удрил сообраќаец, сакал да бега од полициската контрола

Вчера попладне во Скопје се случил инцидент во кој млад возач на „Мерцедес“ се обидел да побегне од сообраќајците кои го запреле и притоа удрил и повредил полицаец, соопшти МВР.

„На 10.06.2021 околу 15.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил полициски службеник“, се вели во билтенот на МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Back to top button
Close