Млад велешанец сакал со нож да ја избоде својата мајка

Во текот на вчерашниот ден, младо момче од Велес било уапсено затоа што се обидело да ја избоде со нож својата мајка.

„Вчера во 17:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22) од Велес затоа што се однесувал агресивно во семејниот дом и се обидел со остар предмет да ја нападне неговата 45-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР

Back to top button
Close