Млада лавица оставена покрај пат во Србија, се уште не се знае каде се сокриени лавовите во Македонија
Во близина на Суботица, соседна Србија, случаен минувач покрај патот пронашол млада лавица. Станува збор за животно старо околу шест месеци, кое било питомо, и моментално било однесено на преглед во ветеринарна станица, пренесува Фокус.
Како што информираат српските медиуми, на самото место веднаш излегле екипи од ЗОО Палиќ, кои потврдиле дека лавицата не потекнува од нивната зоолошка градина и не знаат како се нашла таму.
(…)
И во Македонија имаше слични случаи кои ја вознемирија јавноста кога во септември 2021 година социјалните мрежи ги преплавија фотографии од мали лавови со кои позираа лица од Скопје и Куманово.
Граѓански здруженија за заштита на животните тогаш побараа итна истрага за илегалното внесување на диви животни во земјава и прашуваа што ќе биде со лавовите кога ќе пораснат.
Кратко потоа од МВР информираа дека едно лице на возраст од 31 година од Куманово било приведено поради сомнение за кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, а поврзано со случајот со малите лавчиња.
Бил извршен претрес на три локации во Куманово, но малите лавови не беа пронајдени, а против кумановецот беше поднесена кривична пријава.
До денес не се знае судбината на лавовите, кои сега веќе би требало да се возрасни и да имаат тежина од околу 200 килограми.
…