Младеновска: Две недели нема лекови на Онкологија

Веќе две недели на Клиниката за Онкологија недостигаат клучни лекови за пациентите со рак. Недостасуваат основни онколошки терапии како: Фезго, Палбоциклиб, Рибоциклиб и други неопходни лекови без кои третманот не може да продолжи. Неизвесност, страв и агонија за луѓето кои секој ден се борат за својот живот, изјави Рената Младеновска од СДСМ.
-Владата нема пари за лекови, има пари само за криминални тендери. Пациентите се без лекови, додека има 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Дали здравјето на пациентите е условено од тоа кога ќе се распише нов тендер за набавка на лекови? Ова е нечовечко. Ова е недозволиво. Здравството е во тотален хаос, проблеми има насекаде – рече таа.
Извор: fokus.mk






